Британскиот премиер, Борис Џонсон, се очекува да се сретне со францускиот претседател, Емануел Макрон, и со германската канцеларка, Ангела Меркел, наредниот вторник и во среда, објави британски „Гардијан“. Тоа, според весникот, ќе биде и негова прва посета во странство.

Џонсон се обидува да ги убеди лидерите на ЕУ да ги обноват разговорите за Брегзитот, а доколку тоа не се случи тогаш Лондон ќе излезе од ЕУ на 31 октомври годинава без договор. Во петокот од Берлин беше соопштено дека Меркел ќе се сретне со Џонсон наскоро, но не беше прецизиран датумот.

Од канцеларијата на Макрон дури не дадоа никакво соопштение за најавената средба од Лондон.

„Напорна недела за Борис Џонсон во која тој ќе се сретне со Макрон во Париз во вторник и со Меркел во Берлин во среда, а ќе разговара телефонски со ирскиот премиер Лео Варадкар и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск“, објави „Гардијан“ на Твитер.