Премиерот на Белгија, Александер Де Кро предупреди дека земјата ќе остане затворена се до пронаоѓање на вакцина против новиот коронавирус.

– Додека нема вакцина ќе мора да се бориме со пандемијата многу построго отколку во летото – истакна Де Кро.

Тој додаде деека и покрај очекуваното подобрување на ситуацијата во земјата, мерките за сузбивање на ковид-19 долгорочно ќе останат во сила.

Во Белгија во сила е полициски час, затворени се сите неесенцијални продавници, културни и спортски објекти, кафулињата и рестораните, а работата од дома е обврзна, како и носењето маски на јавни површини и избегнување на физички контакти.

Според белгискиот Национален институт за здравје бројот на новоинфицирани минатата недела се намали за шест проценти, што е прво намалување од јули. Во изминатите седум дена во просек се пријавувани 14.091 новозаразени на дневно ниво. Властите предупредуваат дека расте бројот на хоспитализирани пациенти, а нивниот број на дневно ниво изнесува680.

Бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа се зголеми за 205, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата изнесува 12.331 починати луѓе.