Австрискиот парламент на седницата закажана за во понеделник, 27 мај, ќе гласа за недоверба на владата на Себастијан Курц, соопшти АФП. Повод за ваквата одлука е корупцискиот скандал , што од темел го разниша кабинетот на Курц и доведе до распад на владината коалиција.

Бившите коалициони партнери на канцеларот од десната Партија на слободата веќе објавија дека ќе гласаат за недоверба.