Американската војска почна на терен да го спроведува најавеното повлекување на силите од северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција. Од Белата куќа се одлучија на ваков потег за да го ослободат теренот пред очекуваната турска офанзива.

Одлуката е донесена во момент кога Турција се подготвува за напади врз региони во североисточна Сирија кои  се под  контрола на Курдите. Според Сириските демократски сили, тоа ќе и наштети на борбата против Исламската Држава. Локалните медиумите, пак, коментираат дека американското повлекување значи напуштање на курдските сили со кои заедно се бореа против Исламска држава.

Белата куќа претходно соопшти дека американски војници нема да учествуваат во турската операција во северна Сирија и нема да бидат стационирани во близина на областа каде што ќе се спроведува операцијата. Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, изјави дека американски војници нема да поддржуваат, ниту да учествуваат во операцијата, но и дека повеќе нема да се наоѓаат во областа каде што ќе се спроведува турдката акција.

Изјавата на Белата куќа дека Турција наскоро ќе нападне во северна Сирија предизвикува неизвесност за судбината на курдските борци, коментираат светските агенции.