Повеќе од 200 компании кои произведуваат облека испратија писмо до претседателот за САД, Доналд Трамп барајќи од него да се откаже од зголемување на новите тарифи за кинески увоз.
Адидас, Конверс, Крокс и Најк се само дел од некои од производителите кои упатија молба, а истото писмо е испратено и до министерот за финансии Сривен Мнучин и други официјални лица вклучени во трговските преговори со Кина.
Нема сомнеж дека тарифите на крајот делуваат како скриен данок кои ќе го плаќаат американските поединци и семејства, се наведува во писмото, пренесува СиЕнЕн.
Трамп минатата недела вети дека ќе ги крене планираните тарифи на 300 милијарди долари на кинескиот увоз на роба од широка потрошувачка.
Тарифите би требало да стапат на сила на 1 септември.
Трамп меѓутоа додаде дека преговорите со Кина се уште се во тек и дека е неизвесно дали новите тарифи ќе стапат на сила.
Comments are closed for this post.