Репрезентацијата на Македонија успеа да слави голема победа на гостувањето кај Швајцарија (23-25) во квалификациите за пласман на Европското првенство. Иако домаќинот тргна моќно во вториот дел и имаше предност, момците на селекторот Данило Брестовац беа одлични кога беше најважно и стигнаа до заслужен триумф.

Кога се чинеше дека Швајцарија се разигра и направи серија од 3-0 за 18-15, следеше реакција од Лазаров и соиграчите. Македонија врати со иста мера, па со 0-5 ја врати позитивата и го смени текот на натпреварот.

Овие моменти беа клучни и во нив се „кршеше“ резултатот, а серијата голови ја започна Пешевски. Се надоврза Кузмановски, па следеше гол на капитенот Лазаров, пред новата реализација на Кузмановски. Серијата заврши со погодокот на Филип Талески, кој се испостави како еден од клучните во победата на Македонија.