Македонскиот фудбалер Давид Бабунски го победи коронавирусот.

Романскиот клуб Ботошани, за кој настапува Бабунски, пред два дена објави фотографии од одржаниот тренинг, а меѓу нив се најде и фотографијата на која Бабунски тренира.

Бабунски кон крајот на минатиот месец доби позитивен тест на Ковид-19.