Ѕвездата на ПСЖ, Анхел Ди Мариа имаше пеколна ноќ откако неговото семејство доживеало вистинска драма откако крадци им влегле во домот и ги држеле како заложници.

Ди Мариа беше повлечен од натпреварот против Нант во 62. минута, откако Леонардо побара од тренерот Маурицио Покетино да му објасни на фудбалерот за што станува збор.

Аргентинецот се расплака откако неговиот тренер му објасни дека во домот им влегле крадци и му ги држеле членовите на семејството како заложници. Сепак, за среќа, никој не бил повреден во заложничката драма и сите се безбедни, но Ди Мариа останал без сеф полн со накит вреден околу 500.000 евра.