Манекенката Бренда роди ќерка која го доби името Мајли. Младатa мајка одлучила сама да се грижи за ќеркичката, поради тоа што веќе не сакала да го гледа популарниот германски тенисер, пренесуваат медиумите.

Благословени сме со доаѓањето на Мајли, напишала младата мајка на својот Инстаграм профил под фотографијата на која се гледа како го држи раченцето на својата новородена ќерка.

Минатата година Бренда го обвини Зверев за прихолошко и физичко злоставување, а сега изјави дека не сака тој да и помогне во растењето на ќеркичката.