Вардар е во сериозна криза. Поразот од Мешков Брест се покажа дека не билслучајност бидејќи денеска следуваше нов, овој пат од Веспрем 29-38. Ништо не им одеше од рака на Вардарци, а пак на српскиот репрезентативец Ненадиќ буквално сѐ. Кизиќ и Гедбан беа немоќни, а пак во нападот се правеа многу грешки.

Тенката клупа и повредените Криштопанс и Дисингер доведоа до тоа Вардар едноставно да нема што да бара против Веспрем и тоа на домашен терен.

Со овој порзаз, Вардар си го закомпликува пласманот во втората фаза, а и доколку дојде до неа, ќе треба да го одбегне шестото место во групата кој носи тежок противник.