Во кошаркарската НБА лига, рано утрово се одиграа 12 натпревари, а за истакнување се десеттата победа по ред за Лос Анџелес лејкерс, и новото феноменално издание на младиот Словенец, Лука Дончиќ.

Лејкерс го совлада Вашингтон визардс со 125:103, и  првпат од декември 2009 година наваму, „езерџиите“ имаат низа од десет победни едноподруго. Во ноември, Лејкерс има 14 победи и само еден пораз. Ваков број на победи во еден месец, тимот немал уште од март 2000.

Далас маверикс триумфираше против Феникс санс со 120:113, во натпревар на кој Дончиќ го изедначи својот личен рекорд од 42 поени, а имаше и 11 асистенции и девет скока. Дончиќ ноември го заврши со двоцифрен просек на поени, скокови и асистенции, и тој е смао третиот во историјата на НБА на кој му успеало тоа