Барселона донесе одлука да го отпуши Виктор Валдес од местото на младинската екипа. Како што соопштија од клубот, на негово место ќе биде именуван Франк Артига.

Прекинувањето на соработката на Каталонците со нивниот поранешен легендарен голман се навестуваше уште викендов, кога Валдес не отпатува со својата екипа на гостувањето во Тарагона, по што клупското раководство најави дека по завршувањето на викендот ќе се состане за да ја разгледа неговата ситуација.

Валдес, кој беше назначен сезонава, од самиот старт имаше проблеми со клубот и имаше неколку интерни судири и недоразбирања со управата, што на крајот доведе и до неговото разрешување.