Македонската репрезентација вечерва во 20.45 часот го игра вториот натпревар од квалификациите од Европското првенство. Противник е Словенија која во последно време бележи слаби резултати.

Тоа е шанса за ибраниците на Ангеловски да дојдат до нова победа. Македонија беше сигурна против Летонија, па нема зошто и вечерва да не се радуваат во Љубљана на стадионот „Стожице“ каде ќе ги бодрат и наши иселеници.