Екипата на Далас му нанесе тежок пораз на актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт, победувајќи го на гости со 126-91.

Лука Дончиќ и Дирк Новицки одиграа брилијантен меч. Словенецот беше најдобар кај Далас со трипл-дабл учинок од 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции, додека Новицки мечот гомзаврши со 21 поен (5/8 за три поени), а имаше и пет скокови.

Кај Голден Стејт, Кевин Дурант постигна 25 поени со 5 скокови, а ДеМаркус Казнс имаше скор од 19 поени и 6 скокови.

Резултати од натпреварите во НБА лигата

Голден Стејт – Далас  91-126

Шарлот – Бостон  124-117

Вашингтон – Мајами  108-113

Атланта – Филаделфија  129-127

Чикаго – Јута  83-114

Портланд – Детроит  117-112

Сакраменто – Феникс  112-103

Мемфис – Минесота  99-112