Македонската репрезентација ќе има голема поддршка на денешниот натпревар со Словенија. На трибините во Љубљана се очекуваат околу 2.000 Македонци што живеат во Словенија.

Тие во пресрет на натпреварот секаде низ градот каде што имаше билборди на кои името на нашата држава беше испишано Северна Македонија, зборот „Северна“ го прекриваа со лента или го шкртаа.