Луј ван Гал се повлече од функцијата селектор на Холандија откако беше елиминиран на пенали од Аргентина, во четвртфиналето на Светското првенство. Ван Гал во август минатата година по трет пат стана холандски селектор.

„Нема да продолжам… Ова е мојот последен натпревар. Немаме изгубено ниту еден натпревар, не знам колку победивме, но можете на Гугл да напишете Луј ван Гал Холандија и сами ќе ја видите гол-разликата“, изјави 71. годишниот Ван Гал.

Во неговиот последен мандат, Холандија забележа 14 победи со шест нерешени и гол разлика 51:17.

„Не бевме поразени со причина. Имаме одличен тим со многу таленти. Едноставно не може да го преболиме овој пораз. Имаше сомнителни судиски одлуки, но не дозволувам да мислиме дека загубиме поради судијата“, изјави Ван Гал и додаде дека не го интересира кој ќе стане светски шампион.