Партизан одново „си го доби“ заради испадите со навивачите. УЕФА експресно го санкционираше клубот и тоа со два натпревари на европските натпреварувања без присуство на публика.

Доколку српскиот клуб го помине турскиот Малатиј, првиот натпреват од плеј-офот за Лига на Европа ќе ја игра пред празни трибини, како и првиот во групната фаза, секако доколку се пласира.

На адресата на Партизан во текот на денот пристигнал допис од УЕФА во кој се наведува дека казната е изречена од три причини.

Прво, истакнување на „келтскиот крст“ на една од трибините, втората се повиците до Мичел Доналд, а третата причина е транспарентот „Пријателски натпревар во националниот шампионат. УЕФА копилиња, погледнете ја снимката од натпреварот Ѕвезда – Раднички, кои Гробарите го имале на натпреварот со велшкиот Конахс Кијем.

Дополнително, клубот ќе мора да плати и парична казна од 24.250 евра заради пиротехниката на натпреварот со Малатиј.

Неофицијално, Партизан ќе вложи жалба на одлуката.