Поранешниот македонски младински репрезентативец, Иван Волкановски од денеска е нов член на МЗТ Скопје, откако потпиша тригодишен договор со клубот од Аеродром.

Дваесет годишниот Волкановски доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.

Волкановски (209 сантиметри) е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот.

Почетокот на подготовките за новата сезона е закажан за 15 август.