Екипата на Тотенхем, која вечерва во Скопје ќе игра против Шкендија, е најскапиот фудбалски колектив што некогаш се сретнал со македонска екипа.

Според податоците на Трансфермаркт, специјализираниот интенет портал за одредување на вредноста на фудбалери и клубови, вкупната вредност на играчите на Тотенхем во моментот кога ќе истрчаат на теренот на најголемиот стадион во Македонија ќе изнесува 774,55 милиони евра.

За таквата вредност на екипата што пред една сезона играше во финалето на Лигата на шампионите најмногу придонесува првиот напаѓач на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, кој вреди 120 милиони евра, а веднаш зад него според вредноста се неговиот соиграч од нападот, Кореецот Хоунг-мин Сон и Англискиот репрезентативец Деле Али, чија вредност е проценета на 64 милиони.

Следуваат Давинсон Санчез (48), Тангуј Н’Думбеле (45), Џовани Ло Селсо (40), Лукас Моура (32), Герет Бејл, хари Винкс и Стивен бергвин (сите по 28) итн.

Во Скопје на дуели против македонски екипи доаѓале и позвучни имиња од Тотенхем, пред се Милан против Шкендија (сезоната 2017/2018), како и Ливерпул против Работнички (сезона 2010/2011), но во тоа време овие два тима беа далеку од своите најблескави моменти како клубови.

Затоа, пак, атрактивни состави со голема вредност имаа два други италијански клуба што дошле во Скопје. Тоа се Рома, која во 2003 играше против Вардар, а во своите редови имаше играчи како Франческо Тоти, Даниеле де Роси, Антонио Касано, Валтер Самуел, Емерсон … и пред се Парма, која на мегдан со прилепска Победа во 2000 година излезе со Џиџи Буфон, Фабио Канаваро, Лилијан Турам (во тој момент актуелен светски шампион), Сержо Консеисао, Марко ди Вајо, Саво Милошевиќ …

Во Скопје биле и најскапите

Скопската публика и треренот на скопаката Арена имале чест да ги гледаат во живо и двата најскапи клуба во светот, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но тоа беше во Супер купот на УЕФА во 2017 година.

На тој дуел играше Герет Бејл, кој летово премина од Мадрид во Тотенхем, но нема да биде дел од дуелот против Шкендија со оглед на тоа што има повреда на коленото.