Фудбалскиот клуб Партизан по се изгледа ги минува најтешките денови во историјата на клубот. Ниту оставките на тренерот и на бројни луѓе од управата не помагаат „црно-белите“ да излезат од криза.

Од стадионот на „ЈНА“ во Белград со победа денеска си замина Спартак Суботица, совладувајќи ги црно-белите со 1:3, резултат кој по се изгледа тешко им падна на домаќините.

Вжештени глави имаа голманот Филип Клајиќ и бекот на Спартак Стефан Милошевиќ, кој своевремено ги бранеше боите на Црвена Ѕвезда. Тие се закошкаа, а потоа и тепаа пред влезот во тунелот, а во целиот хаос се вмеша и Милан Смилјаниќ.

На Партизан им се заканува пад на 4-тото место на табелата.