Стефан Козлов е новото име во светскиот тенис. Ова момче има руско потекло, настапува за САД а роден е во Скопје каде што неговиот татко работел како тренер. Има 24 години и е рангиран на 130 место на АТП.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги искажа своите впечатоци од својот настап во второто коло на турнирот во Акапулко, Мексико.

Поранешниот прв рекет на светот ноќеска го победи Стефан Козлов со резултат 6:0, 6:3.

– Натпреварот беше малку чуден. Стилот на Козлов е различен од повеќето други играчи, па морав да бидам внимателен. Ако играш во неговиот ритам, станува тешко. Добро ја контролира задната линија, тој е многу паметен тенисер. За мене беше важно да победам што е можно побрзо. Но, главната работа е победата што ја освоив во два сета, тоа е одлично, изјави Надал на прес-конференцијата по мечот.

Надал ја започна новата сезона со 12 победи во 12 меча.