Тренерот на Вардар, Давид Дејвис е среќен поради победата над Загреб извојувана синоќа во Скопје во 12. коло од Лигата на шампионите.

  • Победивме тежок натпревар, не многу убав за гледање. Сите играчи беа многу нервозни. Знаевме колку ни значеа овие бодови. Ја забележавме втората победа по ред во Лигата на шампионите. Немавме многу време за подготовка, но најважно ја остваривме целта. Сега ни престојат два меча за кои ќе можеме помирно да се подготвуваме. Продолжуваме со работа и ќе видиме како ќе ја завршиме групната фаза, истакна Дејвис.

„Црвено-црните“ по триумфот над Загреб се искачи на петтото место на табелата во А-групата од елитното ракометно натпреварување.

До крајот на групната фаза, Вардар ќе игра со Мешков Брест на гостински терен и со Елверум во Скопје.