Денеска во Хелсинки се игра Супер купот на Европа меѓу екипите на Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт. И Скопје пред пет години беше домаќин на ова финале. На гости ни дојдоа „Кралевите“ од Мадрид и Манчестер Јунајтед. Голема чест за нашата земја. За таа цел тогашниот „Филип Втори“ беше реновиран, изградени три нови трбини, направен како „кутивче“.

Навивачи од Шпанија и Англија имаа само пофални зборови за стадионот, а соседните земји се воодушевување коментираа што токму Скопје ја доби организацијата.

Со доаѓањето на новата власт стадионот освен што доби ново име ништо не е сменето. Напротив, објектот изгледа како да се распаѓа.

Во потрибинскиот простор зјаат дупки-кратери, а плочките и ѕидовите се ронат. Хигената на стадионот и за тоалетите наликува како последен пат да се чистени кога се играше Супер купот.

Навистина жално, бидејќи актуелната власт не е способна ни да го одржува она што други го направиле.

За нешто повеќе не станува ни збор.