Во Белград денеска се одржа третиот состанок оваа година на лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија, на кој во фокусот беа инфраструктирното и енергетското поврзување, приоритетите на романското председавање со ЕУ наредната година и подршка за евроинтеграциите на земјите од регионот.

На средбата одлучено е да се формира „иницијативен организационен комитет” за кандидирањето на овие четири земји за домаќини на Европското првенство во фудбал во 2028 и за Светското првенство во 2030 година.

-Морам да го кажам тоа што луѓето најмногу ги интересира а тоа е дека донесовме одлука да формираме иницијален заеднички организациски комитет за да се кандидираме на Европското првенство во фудбал во 2028 и за Светското првенство во 2030 година-рече Вучиќ.