Поранешниот играч на Партизан и на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ во себе има една болка која не може да ја ублажат сите успеси на теренот. Тој и неговата поранешна сопруга Елена ја доживеаја најголемата несреќа, а тоа е смртта на синот Андреа.

Тој болуваше од церебрална парализа и беше сместен во хранителска фамилија во Валенсија. Тие се грижеа за него како родено дете а вистинските родители редовно го посетуваа.

Сепак, тоа се одрази на нивната љубов и тие се разведоа. И двајцата сега имаат нови бракови, а Елена е мажена за еден од наследниците на семејството Кариќ.