Возачите на Формула 1 тимот Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа најбрзи на квалификациите за Големата награда на Франција.

Најдобро време имаше Хамилтон, кој стигна до 86. пол-позиција во неговата кариера, а трета оваа сезона.

Трката за Големата награда на Франција ќе се вози в недела на патеката „Пол Рикар“ со почеток во 15.10 часот.

Пласман на првите десет:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1.28.319 минута
2. Валтери Ботас (Мерцедес) – 1.28.605
3. Чарлс Леклер (Ферари) – 1.28.965
4. Макс Верстапен (Ред Бул) – 1.29.409
5. Ландо Норис (Мекларен) – 1.29.418
6. Карлос Саинц (Мекларен) – 1.29.522
7. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.29.799
8. Даниел Ричиардо (Рено) – 1.29.918
9. Пјер Гашли (Ред Бул) – 1.30.184
10. Антонио Џовиници (Алфа Ромео) – 1.33.420