Последн ден на Светското ракометно првенство во Германија и во Данска. Во борба за медали, денеска во данскиот Херниг силите за третото место ќе си ги одмерат Германија против Франција во 14 и 30, а во трката за злато ќе се судрат Норвешка и Данска со почеток во 17 и 30.

Шведска го освои петтото место откако ја совлада Хрватска со 34-28 (16-13).

Во борба за седмото кое носи пласман во квалификациите за Олимписките игри во Токио во 2020 година Шпанија ја совлада најдобрата афричка, а на ова првенство и најдобрата воневропска репрезентација Египет.

По вчерашните натпревари стана познат пласманот на репрезентациите од 5 до 24 места:

Пласман:

05.Шведска   06.Хрватска  07.Шпанија  08.Египет  09.Бразил  10.Унгарија  11.Исланд

12.Тунис 13.Катар  14.Русија  15.Македонија  16.Чиле  17.Аргентина  18.Србија  19.Австрија

20.Бахреин  21.Саудиска Арабија  22.Кореја  23.Ангола  24.Јапонија