Италијанскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер на Италија, Матео Салвини, е многу задоволен од официјализирањето на трансферот на аргентинскиот фудбалер, Гонзало Игуаин од Милан во Челзи. На негово место меѓу „росонерите“ дојде полскиот напаѓач Кшиштов Пјонтек. Салвини постојано коментира за теми поврзани со тимот на Милан, кој му е омилен клуб.

Лидерот на десничарската партија „Лига“ се вмеша во скандал во крајот на 2018 година, кога го јавно го критикуваше тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, а Гатузо му одговори со совет „да си ја гледа политиката“.

Среќен сум, дека Игуаин си замина од Милан. Добро е што си замина. Многу ми се допаѓа Пјонтек, а има и европски пасош! Ова е многу добро. Да се почитува дресот на Милан е фундаментално. Тој си замина и ние победивме, па може да оди каде сака. Не ми се допаѓаат платениците во политиката или фудбалот – изјави Салвини за новинарите.