Српскиот фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ, е познат по скандалите со кои од време на време се појавува во јавноста, а последниот инцидент се случи пред финалето од италијанскиот куп, во кое играа Лацио и Аталанта.

Движејќи се кон стадионот, во еден момент група ултраси на Лацио, каде што Михајловиќ како фудбалер играше долго време, почнаа да го навредуваат и го нарекоа „циган“. Во тие моменти, Михајловиќ, збесна и се упати кон навивачите во обид да се пресмета со нив, што беше избегнато по брзата и енергична реакција на италијанската полиција.