Јаник Синер го освои Австралија Опен! Италијанскиот тенисер во финалето го совлада Данил Медведев со 3:2 (3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3).

Неверојатно финале! Исвиркан Медведев од австралиската публика.

По два сета, апсолутно ништо не навестуваше дека Италијанецот ќе го земе првиот Грен слем во кариерата. Медведев одигра неверојатно.

И тогаш се случи чудо.Синер направи брејкови на 5:4 во третиот и четвртиот сет и така го израмни резултатот на 2:2!

Петтиот дел од играта не донесе никаква драма. На теренот беше само Јаник и апсолутно ја заслужи историската победа.

Треба да се напомене дека публиката во Мелбурн беше разочарувачка. Му пречеа на сервисот на Медведев во решавачките моменти, не знаеја да поздрават некои негови чудесни поени.