Првиот пораз во полуфиналето на Австралија Опен му наштети на Новак Ѓоковиќ, можеби повеќе отколку што мислеше.

Најдобриот светски тенисер по 11-ти пат стигна до најдобрите четири тенисери во Мелбурн, а поразот од Италијанецот беше само прв.

Новак беше испратен од теренот на Род Лејвер Арена со овации. Многумина очекуваа дека ќе ја освои 11. титула на Австралија опен, а колку и да се разочарани навивачите на српскиот тенисер, јасно е дека најтешко му оди на самиот Ѓоковиќ.

За тоа колку му тешко  на Србинот  најдобро говорат фотографиите кои се направени на прес-конференцијата која се одржа веднаш по натпреварот.

Новак беше на работ на солзи додека зборуваше за натпреварот, турнирот, но и за плановите за продолжението на сезоната и кариерата.

Фотографите „уловија“ неколку моменти во кои можеше да се види колку е тешко сè за најдобриот тенисер на сите времиња.