Еуфоричен аплауз за селекторот Игор Ангеловски Мрме, кој застанат во редот за албумот со сликички за претстојното Европско првенство, покажа уште еднаш дека е обичен а голем.

За првпат во историјата во албумот ќе се најде и репрезентацијата на Македонија и тоа предводена токму од Ангеловски, кој како никој досега успеа да ја сплоти репрезентацијата.