Милениците на нацијата, ракометарите на Вардар го одиграа последниот меч пред своите гледачи. Мечот со Пик Сегед беше последен европски меч бидејќи на крајот на сезоната сите ракометари си заминуваат откако сопственкот Самсоненко  објави дека повеќе нема да го финансира клубот.

Публиката во „Јане Сандански“ емотивно го прими мечот со Унгарците, се поздравуваше со овации секој потег на Криштопанс, Столе, Чупиќ, Караџиќ, Дибиров, секоја одбрана на Милосављев.Тие им возвратија со победа 31-23

Тие пак им возвратија со добра игра иако и кај нив можеше да се забележи страв од целата состојба во која се најде клубот.

На Вардарци им останува уште реваншот во Сегед, евентуалниот фајн фор и уште неколку мечеви во домашното првенство.

Како што се вели, се што е убаво има крај….