Осумнаесет годишниот Такефуса Кубо или попознат како јапонскиот „Меси“ е најновиот член на Реал Мадрид. Јапонецот до 2016 година играше за младите на каталонскиот клуб Барселона, а сега ќе настапува за резервниот тим на „кралевите“.
Во Мадрид дојде од неговиот клуб Токио ФЦ за два милиони евра, а за секоја сезона во Реал ќе заработува по еден милион евра.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона згрешила што дозволила Кубо да им избега. Агентите на Реал дознале дека на 1 јуни на Кубо му истекува договорот со Каталонците, па за многу малку пари го донеле во клубот.
Јапонскиот Меси, во последната сезона со клубот Токио одиграл 16 натпревари и постигнал пет голови, а во нивните редови освен шпанските ривали сакале да го имаат и Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен.
Comments are closed for this post.