За животот на Виктор Чукарин, еден од најдобите гимнастичари на светот би можело да се сними филм. Втората светска војна и заминувањето во Црвената армија ја прекинала неговата кариера. На почетокот на војната Герамнците го заробуваат и го носат во логорот Бухенвалд каде бил заведен под број 10491.

Во 1945 година бил натоварен во брод кој требало да биде потопен со други затвореници во Северното море, но Британците ги спасуваат во последен час и ги ослободуваат. Кога војната завршила тој имал само 40 килограми.

Кога се вратил дома во Русија мајка му не го препознала па морал да и  ја покаже лузната на главата за да се увери. После рехабилитацијата се вратил на својата стара љубов-гимастиката и на Олимписките игри во Хелсинки во 1952 година освоил четири златни медали иако бил најстар учесник со 31 година

По тренерската кариера работел како професор за спорт а почина во 1984 година.