Сите навивачи на црбено-црните се собраа на плоштадот Македонија да ги пречекаат европските шамиони на Вардар. Плоштадот е преполн со граѓани од сите возрасти, деца, возрасни, жени и мажи.

Тие се подготвени за нивните шампиони да им се обратат и да ги поздрават за големиот успех и по втор пат освоената европска титула.