Во Градскиот парк, непосредно пред почетокот на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Полска, навивачи од Полска се степале меѓу себе, по што 200 лица се приведени.
Тие ќе бидат задржани во полициска станица додека трае натпреварот, а од МВР ја потврдија информацијата за Пресинг ТВ.
„Поголема група навивачи се степале во Градскиот парк во близина на стадионот. Полициските припадници интервенирале и ги привеле“, велат од Министерството за внатрешни работи.
На Youtube каналот се појави и видео снимка.
Инаку Македонија и Полска го играат првиот меѓусебен натпревар од квалификациите за пласман на европското првенство во 2020 година.
Comments are closed for this post.