Фудбалот веќе никогаш нема да биде ист откако најголемите имиња најавија дека ќе си формираат своја, приватна лига во која ќе нема место за сиромашните клубови.

Не само што ќе нема место за сиромасите, не се добредојдени ни оние од средната класа.
На Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус не им се исплаќа да играат со некои си Ајакс, Порто, Валенсија, Лацио или пак со Црвена Ѕвезда, Хајдук, Лудогорец, Вардар, Динамо, Шахтјор или Шкендија.

Се знае дека осносна причина за ова бегството лежи во парите и во ништо друго. 350 милиони за самото учество плус дополнително за победникот и за тв права.Од тие пари никој не е луд да се откаже. За споредба буџетот на оваа лига ќе биде поголем од буџетот на Македонија а тоа пет милијарди евра, анализира „Пресинг ТВ“.

Секако дека раководствата на овие клубови добро ги имаат пресметано ризиците и санкциите и придобивките.

Лигата на богатите како што веднаш ја прогласија Суперлигата ќе почне а колку ќе трае ќе зависи од неговото височесто гледачот дали брзо ќе се засити кога секоја недела ќе гледа едни те исти клубови.
Фудбалот полека се претвора во кошарка како НБА или Евролигата која има се помалку гледачи.

А УЕФА и Лигата на шампионите ќе преживат и без овие големи клубови. Да, нема да биде, но барем конечно ќе може и некој клуб од„ оваа страна“ да крене „ушестиот“ пехар за кој досега не можеа ни да сонуваат.