Државната компанија Телеком Србија ги купи правата за телевизискиот пренос на англиската Премиер лига на каналот Арена Спорт за 100 милиони евра по сезона, во следните шест години, што е скоро десет пати повеќе отколку што Спортклуб порано плаќал за овие права, дознава српската агенција Бета.

Како што дознаваат од извори блиски до преговорите, ќе бидат платени 600 милиони евра за сите шест сезони, иако претходната цена билазначително пониска.

Изворот верува дека е „тешко да се замисли дека ваквите издвојувања може да се исплатат“.

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, за агенцијата Бета изјави дека вредноста на договорот е „деловна тајна“.

Извор од Бета наведува дека правата за пренос на Премиер Лигата за подрачјето на Германија, Австрија и Швајцарија се платени вкупно 25 милиони евра по сезона.

Тој додаде дека Премиер лигата не е подготвена да ги прифати понудените банкарски гаранции, затоа е потребно да се плати однапред 200 милиони евра.

Натпреварите во англиската Премиер лига од сезоната 2022/2023 ќе се емитуваат на телевизијата Арена Спорт.

Договорот важи шест години, но во огласот не е наведена вредноста на работниот договор.

Премиер Лигата ќе има присуство во регионот со преноси на сите 380 натпревари.

Натпреварите од Премиер лигата претходно беа емитувани на Спортскиот клуб, а тоа ќе биде и во претстојната сезона.