Малкумина љубители на фудбалот чуле за клубот Салфорд. Тој се натпреварува во четвртата англиска дивизија но има амбиции еден ден да дојдат до Премиер лигата. Салфорд е најпознат по нивните газди а тоа се славните фудбалери од Манчестер Јунајтед  Гери Невил, Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Ники Бат, Фил Невил и Пол Сколс.

Тие решија да инвестираат во овој мал клуб со желба и како сопственици да испишат историја.

Газдите сакаат да го ангажираат нашиот голман Дени Илиев кој иако официјално е член на Арсенал не успеа да се наметне и го праќаат на позајмици. Кој знае може среќата ќе му се насмевне токму во Салфорд.