Во трката за организација на Зимските олимписки игри во 2026 година до неодамна беа вклучени седум кандидати, но останаа само два.

Кандидати се Шведска, односно Стокхолм, и Италија односно Милано и Кортина Дампеко, соопшти Меѓународниот олимписки комитет.

Ќе се воздржам од коментари, бидејќи претпоставувам дека претставниците на двајцата кандидати се присутни. Тие ќе внимаваат на се што ќе кажам, ќе заминат дома и ќе го претстават на ваков или онаков начин, рече претседателот на МОК Томас Бах на конвенција пред 1400 делегати.

МОК имаше проблеми бидејќи многу од градовите заради финансиски потешкотии, но и референдуми на граѓаните се откажаа од кандидатури. Тука се Сапоро во Јапонија, Калгари во Канада, Ерзурим во Турција, Грац, Австрија и Сион во Швајцарија.

Ова се две одлични кандидатури, но сметаме дека е време за Шведска, рече извршниот директот на ОИ на Шведска Петер Реинебо.

Шведска била домаќин на Олимписките игри во 1912 досина, но никојпат не организирала Зимски игри.

Во Италија ЗОИ се одржани во 1956 година во Кортини Дампеко, а во 2006 година во Торино, додека Летните олимписки се одржале во Рим во 1960.

Во двете кандидатури е наведено дека се подготвени за натпреварите, бидејќи не треба многу да градат.

МОК наведе дека Шведска мора да изгради три нови терени, а Италија еден. Исто така, во двете кандидатури се наведува дека буџетот за организација е 1,5 милијарди долари и дека владите на нивните земји нема да мораат да вложат огромни средства.

Домаќинот на ЗОИ 2026 ќе биде избран во јуни во Лозана.