Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија денеска им подели топки „Spalding TF-1000“ на клубовите кои претстојната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција.

Оваа донација која беше најавена кон крајот на минатиот месец денеска се оствари.

Топките донирани од Кошаркарската федерација на Македонија се задолжителни за сите натпревари во организација на КФСМ.

На денешната неформална средба со претставници на медиумите, од КФСМ информираа дека топките се купени директно „Спалдинг“ при што за секои шест платени се добиени уште четири гратис.