Со свечено поставување камен-темелник, на стадионот во Чаир почна изградбата на новата трибина. Трибината ќе биде изградена на страната на стадионот кон паркот, а како што најавија од клубот, ќе има вкупен капацитет од 1.792.
Од нив, 1.542 ќе бидат стандардни, 176 седишта на расклопување, а треба да има и 84 ВИП, како и осум седишта за лица со посебни потреби.
Тоа што треба да биде новитет во однос на повеќето стадиони во Македонија е тоа што се планира на новат трибина да има и застаклена кабина со опрема за коментаторски пренос.
Покрај таа кабина, предвидени се и ВИП бар и лекарски и технички простории.
Проектот за изградба на новата трибина ќе биде финансирана од Европската фудбалска федерација (УЕФА) со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија, град Скопје и општина Чаир.
Comments are closed for this post.