Денеска почнува новата ера во Реал Мадрид по катастрофалната мината сезона, кога тимот го освои само трофејот во Светското клупско првенство.

Проблемите со тренерите исто така, придонесоа за тоа што се случи, откако Хулен Лопетеги ја започна сезоната, но беше отпуштен по резилот против Барса во есен.

Следуваше неколкумесечен период на Сантијаго Солари, по кој на чело се врати Зинедин Зидан.

Само до крајот на месец јуни, тимот инвестира 298 милиони евра за нови фудбалери.

Еден Азар од Челзи беше големиот трансфер, но освен него дојдоа Родриго, Милитао, Јовиќ и Менди. До почетокот на новата сезона е можно да биде земен и Пол Погба, но сигурно ќе си заминат и уште неколку фудбалери од минатогодишниот тим. Дел од играчите на клубот се уште се на одмор.

Денес фудбалерите ќе преминат медициниски тестови, а Зидан започна со група од 28 лица, од кои 4 се од вториот тим „Кастиља“. Меѓу нив е јапонецот Кубо, кој ќе биде дел од вториот тим, но кон него има големи очекувања.

Утре ќе се одржи првиот тренинг.

Групата на Реал на почетокот на подготовките:

Голмани: Куртоа, Навас, Лунин, Зидан
Одбрана: Карвахал, Одриосола, Варан, Рамос, Начо, Марсело, Менди
Среден ред: Крос, Модриќ, Иско, Асенсио, Брахим Дијаз
Напад: Бејл, Васкез, Родриго, Бензема, Јовиќ, Маријано, Азар, Винисиус