Тајната на убавината и виткоста на Јелена Ѓоковиќ лежи во специјалната диета. Тоа е житарката  киноа  кое игра клучна улога во големиот процес. Тоа е храна без која Јелена не може да си го замисли денот, а на различни начини ја комбинира во исхраната.  Тоа е растение кое е вистинско богатство на здравјето.

Оваа храна се нарекува и „злато на Инките“, како и „кралица на семињата“, а древните цивилизации во Јужна Америка во голема мера ја засновале својата исхрана на неа. Киноата се сметала за свето растение и покрај храната се користела и во народната медицина. Киноата е богата со протеини, витамин Ц, калциум, разни минерали, амино киселини и многу други вредни состојки. Се користи за јадење, но и за правење масти, есенцијални масла и народни лекови. Така, познато е дека низ историјата киноата била специјално препишувана на пациенти за лекување на ревматизам, тумори, хемороиди и ишијас-објаснува Јелена.