Откако пред неколку денови фудбалскиот клуб Парис Сен Жермен, објави дека од идната сезона ќе го промени спонзорот на дресовите, во јавноста се појавија првите фотографии како ќе изгледа дресот на парижаните идната година.

Главната измена е секако тоа што наместо „Флај Емиратс“, на дресовите ќе стои името на хотелиерската марка „Акор Лајв Лимитлес“ (АЛЛ), додека останатиот дел од дресот ќе има доста традицонален изглед.

Дресот ќе биде во темно сина боја, по која е препознатлив парискит клуб, а ќе ги има и вертикалните црвена и бела лента. Најголемиот новитет ќе биде тоа што целиот дрес ќе биде изгравиран со минијатурни амблеми на клубот.