Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки оваа сезона му е последна во НБА лигата. Таквиот факт во предвид го имаше тренерот на екипата од Лос Анеџелес, па одлучи на посебен начин да му се заблагодари на популарниот Диркенштајн за сè што направил во кариерата.

Во потег што досега не е виден на НБА-терените, тренерот на Клиперси Док Риверс специјално повика тајмаут на девет секунди пред крајот и земајќи го микрофонот, ги повика гледачите да му оддадат почит на Дирк Новицки, кој го играше својот последен натпревар во Стејплс центарот во Лос Анџелес.