Новак Ѓоковиќ очекувано со убедлив триумф од 3-0 над Кругер го почна Австралија Опен. Српскиот тенисер го победи Американецот со 6-3, 6-2 и 6-2.

И денешниот ден помина без некое посериозно изненадување на машкиот турнир.

Успешно враќање на Австралија Опен имаше Серена Вилијамс која со 6-0 и 6-2 ја помина Марија од Германија. Еден од најдобрите свои мечеви имаше Бушар која со 6-2 и 6-1 ја совлада Пенг од Кина.

На женскиот турнир се случија две поголеми изненадувања.

Сигмунд ја исфрли Азаренка победувајќи ја со 2-1 во сетови, а Цибулкова загуби од Жанг исто така со 2-1 во сетови.