Актуелниот МВП кошаркар во НБА лигата, Џејмс Харден, оствари трипл-дабл учинок од 25 поени, 11 скокови и 17 асистенции, но ни тоа не беше доволно за Хјустон рокетс да слават против Далас маверикс.

Најзаслужен за тоа беше Словенецот Лука Дончиќ кој со 20 поени беше најдобар во редовите на Далас и го предводеше својот тим до триумф од 128-108.

За Далас ова беше трета победа во низа, но и осма во последните десет натпревари. „Маверикс“ сега се осми на Западот, на 3,5 победи од првото место.

Резултати од синоќешните натпревари

Хјустон  – Далас  108-128

Филаделфија – Њујорк  117-91

Милвоки – Чикаго  116-113

Минесота – Сан Антонио  128-89

Оклахома сити – Кливленд  100-83

Портланд – Орландо  115-112

ЛА Клиперс – Феникс  115-99

Шарлот – Атланта  108-94

Њу Орлеанс – Вашингтон  125-104

Бруклин – Јута  91-101