Екипата на Црвена звезда загуби на гостувањето во Наполи со 3:1, со што дури по пет одиграни натпревари ги загуби шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, нешто што многумина предвидуваа дека ќе се случи доста порано.

Фудбалерите на српскиот шампион, сепак, не можеа да се спротивстават на расположените наполитанци, кои во првото полувреме водеа со 2:0, а во 52 минута и ја зголемија таа предност. Се што „црвено-белите“ сторија беше почесниот гол што го постигна Ел Фарду Бен на триесетина минути до крајот.

Во вториот натпревар од оваа група, ПСЖ го совлада Ливерпул со 2:1 со што си овозможи во последното коло против Црвена звезда во Белград да си обезбеди заверување на пласманот во осминафиналето.

Затоа, пак, ќе биде многу интересно во завршниот дуел во кој Ливерпул го пречекува Наполи. На оваа средба, актуерлните вицешампиони во Лигата на шампионите ќе мора да остварат триумф за да ги продолжат натпреварите.

Резултати од останатите натпревари

Атлетико Мадрид – Монако  2:0

Борусија Дортмунд – Клуб Бриж  0:0

ПСВ – Барселона  1:2

Тотенхем – Интер  1:0

Порто – Шалке  3:1

Локомотив Москва – Галатасарај  2:0